Отворена манифестацијата ,,Шарено велигденско јајце“ во домот на културата ,,Ацо Шопов“ Штип

Отворена манифестацијата ,,Шарено велигденско јајце“ во домот на културата Ацо Шопов Штип. Како и претходните години и оваа година дечињата со помош на своите родители ги изработија и убаво нашарија своите велигденски јајца, кои традиционално ги донесоа во домот на културата. Манифестацијата континуирано се одржува секоја година, која е во рамки на програмата на оваа институција и е поддржана од министерството за култура и туризам на Македонија.

,,Ја имам честа како директор на НУ Ацо Шопов Штип да ја отворам оваа манифестација ,,Шарено велигденско јајце“. Ме радува што и оваа година, исто како претходните години да имаме многу креативни дечиња, кои што заедно со своите родители ја негуваат традицијата на боење и украсување на велигденските јајца, традиција која во рамки на нашиот христијански дух и со којаа се прославува нашиот најголем празник Велигден. Оваа манифестација традиционално се одржува секоја година во рамки на програмата на националната установа во Штип и е поддржана од министерството за култура и туризам на Р.Македонија.“; вели Ристевски

Во рамките на оваа манифестација оваа институција формираше и комисија за да ги избере трите најубаво украсени јајца, а добитниците ќе се стекнат со награди, рече директорот Ристевски

Покрај овој настан, директорот Ристевски најави низа настани и претстави во домот на културата и штипскиот театар, а сите оние манифестации кои беа одложени во претходниот период, се презакажани со нови датumi со цел се продолжи работата како порано.

Иван Митев, М-Нет