Прес конференција на СДСМ Штип за такси превозо

Новиот такси сообраќаен режим во Штип е уште еден непромислен проект на ДПМНЕ, кој предизбикува сериозни проблеми во секојдневното движење и функционирање на граѓаните и возачите, велат од ОО СДСМ Штип. Како што посочува претседателот на оваа организација Павел Иванов, овој режим не само што е лошо осмислен, туку е и нефукционален

,,Локалната власт на ДПМНЕ предизвикува хаос со уште еден лош и непромислен проект- новиот такси сообраќаен режим во центарот на градот. Овој режим не само што е лошо осмислен и нефункционален, туку и предизвикува сериозни проблеми во секојдневното движење и нормалното функционирање на граѓаните и возачите. Сообраќајниот хаос што го предизвика ова решение, наместо да донесе ред, создаде уште поголем метеж и конфузија. Со поставувањето на пластичните столбчиња низ централните улици сериозно се нарушува урбаниот изглед на градот.”, вели Иванов

Иванов, рече дека сообраќајниот хаос што го предизвика ова решение , наместо да донесе ред, создаде уште поголем метеж и конфузија.

Она што додатно истакнува претседателот на оваа организација Павел Иванов е дека Со поставувањето на пластичните столбчиња низ централните улици сериозно се нарушува урбаниот изглед на градот.

Иван Митев, М-Нет