
Турски инвеститори влегуваат во македонскиот фудбал, се почесто македонските клубови се превземаат од туриски инвеститори, како во Првата, Втората, но и во Третата македонска фудбалска лига.
Веќе е познато дека туриски инвеститори има во Гостивар, тим кој во тековната сезона настапува на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, а кој кога се во прашање финансии нема граница и се вложува сериозно. Гостивар сака излез во Европа, но сака и титула во македонскиот шампионат.
Туриски инвеститори има и во ФК Шкупи, поранешниот шампион на Македонија има нов сопственик, кој исто така е од Турција, откако претходно заминаа едни турски инвеститори.
Влез на турски инвеститори се најавува и во неколку екипи како Беласица, останува да видиме како ќе биде епилогот од целата оваа ситуација, бидејќи ФК Беласица демантираше дека турски инвеститори веќе го превземале клубот, но дека се водат преговори.
Турските инвеститори кои веќе се дел од прволигашот Гостивар, истите инвестираат и во третолигашот Слога Виница, што значи дека туриски инвеститори има и во Третата македонска фудбалска лига.
Во следниот период очекуваме повеќе детали и информации околу можен влез на турски инвеститори во Втората лига.
Александар Ванев, М-Нет