
Во пролетната полусезона во три региони во Трета лига ќе се води неизвесна борба за освојување на првото место, а со тоа и обезбедување на баражот за можен влез во Втората лига.
Во Трета лига – Исток есенски шампион е Слога Виница предводена од штипскиот стратег Емил Грнев, тимот има седум бодови повеќе во однос на второпласираниот Овче Поле, но фактот што тимот од Виница ќе носи големи засилувања речиси сигурно е дека без проблем ќе се прошета во Истокот, па овие засилувања се повеќе и за тој бараж меч.
Искусниот Иван Настевски веќе потпиша за Слога Виница, а во следните денови во Виница ќе пристигнат уште неколку големи фудбалски имиња, со што Слога Виница ќе има голем квалитет.
Шкендија Арачиново е есенски шампион во Трета лига – Север, тимот има осум бодови повеќе од второпласираната Фортуна, а квалитетот кој го има овој тим, а кој сигурно ќе биде засилен со неколку квалитетни играчи повеќе од јасно е дека Шкендија Арачиново во пролетниот дел лесно ќе стигне до баражот.
Со тоа најблиску до целта за бараж се екипите на Слога Виница и Шкендија Арачиново.
Во Трета лига – Југозапад есенски шампион е Преспа од Ресен, но тука ќе има неизвесна битка со екипите на Кораби од Дебар и Сатеска од Волино.
Овие три екипи во овој третолигашки регион ќе се борат за баражот кој води кон можен пласман во Втора лига.
Во Трета лига – Запад есенски шампион е Тетекс, а во пролетниот дел „штофарите“ борба на терено ќе бодат со ланскиот шампион Влазерими од Кичево. Овие две екипи ќе имаат сериозна и неизвесна трка за баражот, а ќе се обиде и ланскиот вицешампион Џепчиште да се вмеша во истата.
Во Трета лига – Југ ќе биде исто така неизвесно каде Големо Коњари е есенски шампион, а Башкими 2008 како и Превалец кој отворено најавува пролетни амбиции за Втора лига ќе се вклучат во трка за баражот.
Тоа значи дека во Трета лига -Југозапад, Запад и Југ ќе биде неизвесно кој да биде шампион и да игра во баражот за Втора лига, во однос на Трета лига – Исток и Север каде веќе есенските шампиони бодовно се одлепија на патот кон баражот за Втора лига.
Александар Ванев, М-Нет