РАКОМЕТ: Еурофарм Пелистер 2 есенски шампион во група А, а пак Скопје во група Б, штипски Текстилец претпоследен!

ФОТО: Александар Ванев, Телевизија М Нет

Заврши есенската полусезона во Првата ракометна лига на Македонија. Ова сезона лигата е поделена на два група, односно група А и група Б.

Во групата А есенски шампион е екипата на Еурофарм Пелистер 2 која лани испадна од Суперлигата преку бараж од Радовиш, а во есенскиот дел има десет од десет и максимални 20 бодови на своето конто. Битолскиот тим е прв фаворит за враќање во Суперлигата.

Металург РА заврши на второто место со учинок од осум победи и три порази и со тоа има 16 бодови, ланскиот суперлигаш Мулти Есенс е трет со 15 бодовои, а пак Овче Поле од Свети Николе е на 4. место со 10 бодови. На петтата позиција заврши Јехона со девет бодови и овие екипи всушност и ќе бидат патниците во плеј-офот. На шесттото место е Кичево со пет бодови, претпоследен е Аеродром со три бодови, а на дното е струмички Астраион со два бодови.

Есенски шампион во групата Б е екипата на Скопје која лани испадна од Суперлигата со 18 бодови на своето конто и унинок од девет победи и два порази. Бод помалку има Младост од Богданци која се наоѓа на второто место, а пак трет е Драчево со ист број на бодови како и Македонија ЃП која е на 4. место. Есенскиот дел на петтото место го заврши Вардар Неготино со 15 бодови на своето конто и всушност овие екипи ќе патуваат во плеј-офот каде ќе разигруваат за титула и место во Суперлигата.

На 6. место заврши Шампион со осум бодови, Партизан е седми кој собра шест бодови, штипски Текстилец УГД заврши на претпоследното место со четири бодови, а тимот на Преспа Вардар е на дното со тоа што тимот од Ресен е „фенерџија“ со минус еден бод.

Александар Ванев, М-Нет