
Бран турски студенти ја преплавува Македонија, тивко но упорно менувајќи ја сликата на универзитетските ходници. Зад овој раст не стои само желбата за образование, туку суровата економска пресметка, животот тука е далеку поевтин отколку во нивната татковина. „Евтино е, затоа сум овде“, вели Али, студент по информатика, чија искреност ја открива суштината на трендот. Студентите велат дека под површината на оваа „прилика“ не се кријат осаменост и чувство на оттурнатост од локалната средина. Велат дека се прифатени од логалните граѓани и дека не се чувствуваат осамено.
„Евтино е, затоа сум овде, евтино. Не, дефинитивно не, но, ја сакам оваа држава, овие луѓе. Втора година сум, информатика. Не го сакам ноќниот живот, затоа не сум запознаен. Да, многу пријатели, малку е тешко. Јас учам по македонска програма, затоа сум сам, но, во програмата на англиски има многу студенти. Кирија месечно плаќам 200 евра, сместен сум кај Трговскиот Центар.“- Али, студент на информатика
„Киријата е 200 до 300 евра, овде е поевтино и има многу можности“, вели Онџу Четин, нагласувајќи дека токму пристапниот живот и пријателската средина ги привлекуваат студентите да дојдат, а некои и да останат.
„За ќириа 200 евра, некогаш 300 евра. Јас мислам дека е љубезен кон студентите, странските студенти, овде има многу можности, исто така ми се допаѓа овде. Дефинитивно е поевтино, особено за студентите по медицина, Турција е поголем град, но јас не сакам големи градови, овде е подобро. Ги разгледувам мојте можности и можно е да останам овде. Да, не гледам никакви дискриминации кон странските студенти и мислам дека се добри луѓе. Да призната е. Можам да зборувам само за студентите по медицина, да можам да кажам дека можат да дојдат и да студираат овде.“- Онџу Четин
Дел од студентите веќе сериозно размислуваат да останат, гледајќи ја земјата не само како поевтина алтернатива, туку и како место со стабилни можности и прифатлива средина за развој.
Дајана Сандева, М-Нет