
Со завршувањето на сезоната во Првата македонска фудбалска лига, тренерот на Шкендија, Ќатип Османи си замина си замина од тренерстоко столче, па сега некогашниот шампион е во потрага по нов тренер.
Како што дознава телевизија М Нет од свои извори, еден македонски и двајца странски тренери влегуваат во игра за наследник на Османи. Александар Васоски е македонскиот тренерот кој може да седне на столчето во Шкендија, откако се раздели со Академија Пандев на неколку кола пред крајот на сезоната. Во игра за наследник на Османи влегува и албанскиот стратег Илир Даја, како и Исмет Муниши од Косово.
Што се однесува до играчкиот кадар, Шкендија веќе се подготвува за поголем „ремонт“ во тимот за следната сезона. Како можни засилувања за тетовци за следната сезона според информациите на телевизија М Нет се Кристијан Тошевски од Тирана, Дарко Додев од штипска Брегалница, за овој фудбалер има интерес и од Шкупи, па ќе биде интересно да видеме каде Додев би ја продолжил кариерата, Хамиди од Шкупи, Алварез е во игра во случај доколку овој фудбалер не направи трансфер во странство, Скука од албански Партизан, Флорент Хасани од Тирана, Матеј Цветановски и уште неколку фудбалери со кои Шкендија ќе направи комплетен „ремонт“ во тимот.
Од Шкендија си замина 32-годишниот Ферхан Хасани кој побарал предвремен раскин на договорот пред неговиот истек – јуни 2024 година.