
На 25.08.2020 во 00.48 часот во СВР Штип било пријавено дека околу 00.35 часот пред угостителски објект на ул.„Ванчо Прќе“ во Штип, поради меѓусебно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.С.(30), Т.М.(20) и В.М.(45), сите од Штип. Според пријавеното, околу 01.30 часот А.С. со возило ги пресретнал Т.М. и В.М. им го попречувал патот и им упатувал закани. По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.