
Во тешка сообраќајна несреќа што се случила ноќеска во близина на италијанскиот град Ница Монферато, загинале четири лица, од кои тројца се Македонци, сите на околу 30-годишна возраст.
Според првичните информации, се работи за наши иселеници кои потекнуваат од Пеклани, Саса и Македонска Каменица, а четвртиот загинат е 23-годишно лице од Асти, Италија.
Во сообраќајната несреќа дошло до судир на две возила, при што тројцата Македонци патувале заедно, а момчето од Асти било само во автомобилот.
Увид и истрага на местото на несреќата направила италијанската сообраќајна полиција, која потврдила дека дошло до силен директен судир, при што нема преживеани.