
Европски силна држава ќе ја заврши штипската клиничка болница. Владата разговара со три европски држави, тимови се на терен за да се добијат најдбри услови и да се заврши изградбата на болницата. Премиерот, Хрисијан Мицкоски, денеска од Карбинци посочи дека најсовремента технологија ќе биде дел од Клиничката болница во Штип. На ваков начин ќе се подобрат условите за пацинтите од Штип, но и целиот Источен регион.
„Разговаравме со три европски силни земји да преку влада со влада договор постигнеме и да добиеме навистина големо ниво на инзворедност при довршувањето на клиничката болница во Штип. Веќе тимови од овие земји се на терен, создаваме еден вид конкурентност. Станува збор за моќни држави во топ пет, една не е тајна дека е Франција. Нормално тие што ќе дадат најдобри услови тие ќе ги прифатиме, тоа е пракса во Европа. Јас мислам дека најсовремената технологија ќе биде дел од клиничката болница овде во Штип“ – вели Мицкоски.
Мицкоски посочи дека откако ќе биде завршена болницата во Штип, ќе се продолжи со останатите реформи во здравството.
Лаура Стојанова М-Нет