
Добра забава, негување на староградската музика и пред сѐ дружба е рецептот за функционирање на Здружението „Распеани штипјани“. Постои повеќе од четири децении, а со обновен состав веќе шест години. Пред сѐ овде се пензионери кои заеднички ја негуваат музиката, штипската песна и староградските мелодии.
„Досега ние постоиме шест години обновен состав, а инаку постоиме 40 години. Прво бевме во склоп на здружението на пензионери, и генерациски се менуваат нашите членови.“ – вели Караколев.
Ова здружение постојано е дел од фестивали и има свои настапи, а честопати членовите се враќаат во Штип со многу освоени награди. Караколев потенцира дека за нив е мотив, но и задоволствоо да се пеат строградските песни.
„Секаде кадешто одиме се преставува,ме во најдобро светло, со презентација на штипската песна и музика и презентација на градот“ – додава Караколев.
Здружението „Распеани штипјани“ самостојно се финансираат, но како што велат тоа не преставува пречка за нив да опстојат, да се престават на разни настани, да ја негуваат старградската музика и да го престават Штип во најдобро светло.
Лаура Стојанова М-Нет