Три децении високообразовна дејност одбележа факултетот за образовни науки при УГД Штип

30 години високообразовна дејност, денеска одбележа Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип, на факултетот на обрзовни науки. Три децении од овој факултет се создавале учители и педагошки кадар кои го носат образованието низ целата држава. Настанот го следеа бројни професори, наставници и претставници на универзитетот и локалната самоуправа, од каде беше испратена порака – со уште повеќе работа да се продолжи традицијата и развојот на факултетот. Во рамки на свеченоста беа доделени признанија и плакети на истакнати професори и соработници

„Ова значи дека оваа долга традиција не обврзува да продолжиме да работиме во истата насока , дури и уште понапорно за да ги достигнеме врвовите на нашите предходници. Во план е екридетирање на нови студиски програми, така што се зголемува факултетот за образовни науки и се шири во сите дисциплинарни одрачја на педагошката наука, кои треба да одговорат на современите предизвици. Учители секогаш ќе требаат, да се согласувам дека финансиската состојба е навистина таква како што е, но видете сите ние ова го работиме првенствено од љубов кон професијата. “, рече Стојанов

Вештачката интелегенција за овој факултет, Стојанов вели е сериозен предизвик и токму поради тие причини ќе има студиска програма за дигитална педагогија.

,,Новите трендови, особено развојот на информатичката технологија, особено сега со појавата на вештачката интелегенција носи сериозни предизвици и токму од тие причини реков дека пред факултетот стои нов предизвик. Ние сме во постапка на акредитирање на нови студиски програми, мегу другото една од тие е и она што сега е тренд дигитална педагогија.“, додава Стојанов

Меѓу присутните беше и поранешниот професор Блаже Китанов, кој од лицемесно на настанот потенцираше дека мотивирачки е да се работи на едукација на наставници, но смета дека во новиот своремен свет е потребен нов пристап во работата со студентите.

,,Не беше лесно да се работи толку време, затоа што јас тука го поминав речиси целиот работен век. Точно 40 години работа на од педагошката академија па и на педагошкиот факултет. Од 80 година до 2020 година. Секогаш е било возбудливо и интересно. Мотивирачки е да се работи на едукација на наставници за оделенска наста и воспитувачи и мислам дека сега во овој век потребен е нов пристап во работата со студентите, бидејќи доминира информатичката технологија. Ние треба што е можно повеќе да ја доближиме книгата за читање на факултетите.“, рече Китанов

Имено на 19.06.1995 година со одлука на управата на тогашниот универзитет Кирил и Методиј, а по одобрение на тогашното министерството за образование и физичка култура вишата педагошка академија премина во педагошки факултет и со тоа од две години тие прераснаа во четири години студии на овој универзитет.

Иван Митев, М-Нет