Три дена и Општина Виница ќе го чествува патронот Павловден, предвидена богата културна програма

Со богата културна програма и Општина Виница три дена ќе го одбележува патронот Павловден. . Вечерва, со почеток од 18:30 часот, во кино салата ќе се одржи музички настап со староградска музика, во организација на здружението на пензионери. Програмата продолжува и утре, на Петровден, кога ќе има повеќе културни настани, а вечерта на плоштадот Ангел Винички ќе настапат повеќе музички групи. Градоначалникот Миле Петков нагласи дека сите жители на Виница се поканети да уживаат во празничните настани и да го прослават празникот заедно.

,,По повод празникот на градот Виница Павловеден, од денеска започнува тридневна програма, во моментот се одржува едн настан во домот на културата кој што е во организација на библиотеката Ванчо Прќе во Виница. Вечерва со почеток од 18:30 часот во кино салата во Виница има музички настап со староградска музика во организација на здружението на пензионери. Настанот продолжува и утре на празникот Петровден, има и културни настани, додека во вечерните часови на плоштадот Ангел Винички ќе има музички настап на повеќе групи.“, истакна Петков

Особена програма е предвидена во недела, на самиот празник, кога ќе настапат познати музичари на плштадот во Виница, додава Петков.

Инаку, . Со богатата програма, сите посетители ќе имаат можност да уживаат во културата и традицијата на Виница, како и да ја прослават важноста на овој ден за градот.

Иван Митев, М-Нет