Митрополитот Брегалнички г. Иларион во посета на повредените од пожарот во Кочани

фото: Брегалничка епархија


Во текот на вчерашниот ден, Митрополитот господин Иларион ги посети повредените од пожарот во Кочани кои се на рехабилитација на Пониква. При оваа средба, Митрополитот разговараше со повредените, им подари икона и молитвеник и ги помажа со осветен елеј, посакувајќи им побрзо оздравување и долг живот. Денеска во Кочани започна одбележувањето на Петровден и беше скршен славскиот колач.

фото: Брегалничка епархија