
Три дена без капка вода, оставени станари од зграда на улицата Христијан Карпош во Штип, откако пукнала цевка во маркетот кој се наоѓа веднаш под нив. Револтирани и гневни, велат дека становите и влезот од зградата се шират со непријатна миризба, а вода полнат во туби и шишиња, небаре живеат во минатиот век. Стравуваат од инфекции и бактерии, бидејќи, како што велат, проблемот не се решава. Велат дека со часеви го бараат газдата на маркетот, но засега нема конкретна информација кога дефектот ќе биде саниран. Најпогодени се повозрасните, кои веќе три дена останале без основни услови за живот.
,,Трет ден немаме вода, проблемот е и нивни и наш. Бараме да се реши проблемот, ние не можеме да го решиме сами. Агенцијата што ни чисте, треба да дојде да си превзме. Десет години не е дошол човекот да виде што се дешава. Имаме фодови, да дојде да рече другари, дајте еден состанок да имаме. Викнаме го, дојде, виде ситуацијата водата како е и си отиде. Toj e од агенцијата за чистење на зградите. Тоа се стари цевки, ние сме 60 години станари, треба да се санират.“, велат станарите
,,Улазо мирише, видовте и вие самите. Требаше одма се санира.“, додаваат жителите
Станарите апелираат проблемот што поскоро да биде решен, бидејќи во зградата живеат голем број повозрасни лица. Велат дека за нив е вистински товар секојдневно да носат туби и шишиња со вода по катовите до своите станови.
За проблемот, М-Нет телевизија се обрати до одговорните од маркетот, од каде информираат дека прекинот е поради дефект на застарена водоводна мрежа која минува под објектот, дека санацијата е во тек и се очекува водата да биде пуштена повторно до крајот на денот и се очекува водата да биде пуштена повторно до крајот на дено
„Поради застарена инсталација на водоводна мрежа( стари метални рѓосани цевки ) која ја снабдува зградата со вода за пиење, а минува под нашиот и низ нашиот маркет имавме нејзин дефект . Заедницата на станари и управителот иако известени не превземаа никакви дејствија за остранување на опасноста од поплавување на маркетот. Ние го известивме ЈП Исар, кој веднаш ја сопре водата. За санацијата го известивме управителот на зградата. Заради остранување на опасноста и поплавата во маркетот ангажиравме приватна компанија за санација на водоводната мрежа што минува под и низ нашиот маркет. Бидејќи санацијата е од поголем обем се работи на решавање на проблемот и до крајот на денот се очекува вклучување на водовонат мрежа.“, велат одговорните на маркетот
Според информациите на одговорните, дефектот се очекува да биде решен до крајот на дешениот ден.
Иван Митев, М-Нет