
Синоќа во рамки на 3. коло од прволигашкиот плеј-оф ракометарите на Младост дојдоа до важна победа над директниот конкурент за Суперлигата, екипата на Радовиш со резултат од 29:26. Последните осум минути беа пресудни за поразот на радовишани, бидејќи во овие o сум минути немаа ниту еден постигнат гол, а Младост реализираше шест гола.
Во првото полувреме се играше гол за гол, без поголема резултатска предност. На полуврме резултат беше 12:14 за гостинот. Во вториот дел Младост израмни на 14:14, а потоа започна одново играта гол за гол и егал борбата за трите бодови.
Во 52. минута од средбата во Богданци екипата на Радовиш имаше водство од 23:26, но потоа гостинот остана без реализација осум минути, додека Младост ја стопи предноста и го врати водство за на крај конечниот исход да биде 29:26.
Најефикасен во редовите на Младост беше Антонио Николоски со девет погодоци, а кај Радовиш најдобар беше исксниот капитен Здравко Постолов со 10 гола.
Александар Ванев, М-Нет