М Нет тренер на колото во Втора лига: Иван Варадиновски (Детонит Плачковица)

Во избор на телевизија М Нет тренер на 21. коло во Втората лига е Иван Варадиновски, тренер на Детонит Плачковица.

Радовишани во претходното коло со 2:0 беа подобри од Тетекс на домашен терен, со што Градскиот стадион во Радовиш остана „неосвоена тврдина“ каде никој ниту гол дал, ниту бод освоил.

Детонит Плачовица на домашен терен има максимални 11 победи на исто толку одиграни натпревари со максимални 33 бодови и гол разлика од 24 постигнати погодоци и ниту еден примел гол во Радовиш. Дефинитивно ова е најдобар резултат во фудбалот во Радовиш, но ќе биде и голем успех воопшто и во Втората лига.

Александар Ванев, М-Нет