
Во рамки на 17. коло од Втората футсал лига на Македонија најубедлива победа забележа Кораби кој со 7:15 славеше над домаќинот Партизан Југ во Брвеница.
Мал Ајакс во Штип со 6:3 славеше над последнопласираниот Конзули од Битола во меч каде Теодор Наков беше стрелец на четири гола за штипјани, а по еден гол постигнаа Дарко Димитровски и Марио Филиповски, за гостинот од Битола двоен стрелец беше Драганчо Мицески, а еден гол постигна Марјан Јовановски.
Каршиака и Јувентус Серава ремизираа во меч со 10 гола за конечни 5:5, СЕЕ Университи со 6:5 го доби Кратово, лидерот Проект беше сигурен и убедлив против Балкан со 8:4.
Прилепска Победа на домашен терен со 6:3 го доби дуелот со ССК од Скопје, а мечот меѓу Шкендија и Енхалон не се одигра.
Во однос на табелата лидер е Проект со 45 бодови, втор е Кораби со 41 бод, а трет е Јувентус Серава со 40 бодови. Продолжува трката на овие три екипи за влез во Првата футсал лига на Македонија.
На 4. место е Енхалон со 24 бодови, но и меч помалку, а толку бодови има и Балкан кој е петти. На шестото место е Партизан со 23 бодови, колку што има и Кратово кој е седми.
Осма е Каршиака со 21 бод, на деветто место е Шкендија со 20 бодови и меч помалку. На 10. место е штипски Мал Ајакс со 19 бодови, колку што има и СЕЕ Университи кој е место подолу.
Победа е на 12. место со 17 бодови, претпоследен е ССК со 13 бодови, а на дното е Конзули од Битола со исто толку бодови.
Александар Ванев, М-Нет