Трет ден штрајк, трет ден расте на вработени кои го подржуваат истиот во Штип

Трет ден штрајк на вработените во училиштата и градинките, трет ден расте бројот на вработени во Штип кои се приклучуваат кон истиот. За сега штрајкот се одвива според најавите вели Костадиновски, но сѐ уште просветните работници се заборавени од Владата. Тие ќе штрајкуваат се додека не им се исполнат нивните барања.

„Денес сме трет ден во генерален штрајк. трет ден заборавени од Владата, сите институции, фактори кои очекуваме да дојдат во заедничко решавање на проблемите, но за жал заборавени од сите.“

Вработените во училиштата се присутни на работните места, но не ги извршуваат работните задачи. Според Косатиновски децата не следат настава, освен мали исклучоци. Притисоци има, но тие тековно се решаваат.

Мали форми на притисоци најмногу има во детските градинки дециден е Костадиновски, но таму најмногу вработените се одлучуваат да дадат поддршка на започнатиот штрајк.

За сега замениски вработени нема во Штип, но градоначалникот Јорданов истакна дека согласно бројот на вработени кои штрајкуваат ќе се разгледа можноста за давање согласност за замениски кадар.

Лаура Стојанова М-Нет