
По трет пат, овој викендов во Штип ќе се одржи модниот настан „Штип Фешн Дејс“. Во петок и сабота во ГТЦ во Штип, посетителите ќе имаат можност да проследат повеќе ревии и да видат нови креации од домашни компании и млади дизајнери. Настанот е од отворен тип и се очекува голема посетеност.
,,Оваа година по трети пат се организира настанот Штип-фешан дејс. Истиот ќе се одржи на 17 и 18 април и тоа во просториите на ГТЦ. На настанот ќе бидат претставени осум ревии, кои што ќе бидат создадени од страна на поголемите штипски и текстилни компании, а се разбира и оваа година поддржуваме и доста млади дизајнери ,кои што ќе имаат можност да ги претстават моделите пред пошироката јавност. Она што е ново е тоа што настанот ќе биде отворен со ревија на 15 студенти, кои што студираат на приватните и државните униварзитети во државата, а се на насоките за моден дизајн.“, вели Шорова-Ангелова
Младите дизајнери и годинава ќе добијат силна поддршка и шанса да се докажат пред јавноста. Најдобрите ќе бидат наградени со можност веќе следната година да настапат со сопствена колекција. Настанот е отворен за сите, а организаторите очекуваат голем интерес и посетеност.
,,Тие ќе бидат поддржани од Општина Штип и од поддржувачите за одржување на овој настан, при што оној кој што ќе биде победник и избран од страна на жири комисијата ќе има можност во текот на наредното издание да се претстави пред јавноста со цело своја колекција. На настанот се поканети сите, бидејќи е од отворен тип. Очекуваме доста голем број на посетители и гости, при што целта информација ќе ја добија од интернет страниците.“; додава таа
Студентот кој ќе ја добие наградата за најдобар моден дизајн ќе има можност на следниот моден настан „Shtip Fashion Days“, кој што ќе се одржи во текот на есента да се претстави со цела своја колекција. Шорова-Ангелова вели дека очекуваат голем број на гости и тоа пред се помладата публика.
Иван Митев, М-Нет