
Со 278 амбулантски прегледи и 47 теренски интервенции поминал велигденскиот викенд за Итната медицинска помош во Штип. И покрај зголемениот обем на работа, празничните денови минале релативно мирно, без посериозни инциденти и без случаи на труење со храна.
Најголем дел од интервенциите биле поврзани со сезонски респираторни инфекции и полесни дигестивни тегоби, наместо вообичаените проблеми кои се јавуваат за време на празници. За состојбата и најчестите интервенции, информира д-р Тања Адраманова од Итната медицинска помош Штип.
,,За време на продолжениот викенд во Итната медицинска помош Штип, беа регистрирани 278 амбулантски прегледи и 47 теренски интервенции. Најчесто во амбулантата се јавуваат пациенти со горно-ресипраторни инфекции и тоа најчесто со проблеми со затнат нос, покачена телесна темепратура, кашлица и температура и општа малаксаност. За среќа овој пат немаше учаеви со храна, како и алкохол. Прејадување немаше, но имаше пациенти кои што се жалеа на дигистивни тегоби, но сетоа тоа беше добро изменаџирано и пациенттие беа третирани.“, вели Адраманова vanje 00:51 tretiranje
Адраманова упати апел, граѓаните кои постеле досега, да почнат постепно да внесуваат мрсна храна. Се препорачува исто внес на полесна храна, како и овошје и зеленчук
Инаку, апелот и понатаму останува јасен. Иако постот официјално е завршен, сепак граѓаните треба да се внесува здрава храна, повеќе течности и да имаат физичка активност се со цел да не дојде до несакани ефекти.
Иван Митев, М-Нет