Тренчевска: Страечки дом во Кочани ќе има ако се промени бројот на легла

Сите старечки домови започнуваат да се градат со 50 легла, а Општина Кочани бара изградба на стречки дом со 150 легла, истакна денеска од Штип, Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска. Според неа и покрај комуникациите кои министерството ги оставарило со Општина Кочани, општината немала слух за да соработува и да се реализира проектот за изградба на старечкиот дом.

“Во изминатиот период бевме во комуникација со Општина Кочани за да го корегираат доставениот проект и наместо со 150 легла да променат како и сите останати старски домови коишто ги финиансира државата започнале со 50 легла, да се наполни тој капациетет па постепено да се доградува и зголемува опфатот на нови корисници. Од страна на Општина Кочани немаше слух за вакво, ако некој сака да добие средства од државата треба и тој да вложи барем во основниот проект, затоа што државата односно министерството преку блок дотации ги плаќа сите вработување во старските домови и плаќа дел од материјалните трошоци“ – кажа Тренчевска.

Според Тренчевска капациетот од 150 легла е огромен и тешко дека ќе се наполни со оглед на фактот дека има неколку страечки домови во регионот.

“Од страна на Општина Кочани беше кажано дека тие не можат да го намалат и дека ќе одат со 150 легла што пред се е огромен капациетет пред сѐ да се наполни, имајќи предвид дека во овој регион имаме во Берово старечки дом, се гради во Пробиштип страски дом, така да во Кочани не верува дека е неопходно во овој момент да се гради страски дом со 150 легла.“ – додаде Трнечевска.

Потребата од изградба на Дом за стари лица во Кочани е повеќе од потребна, а за тоа беа согласни и повозрасните граѓани, и од Локалната самоупрва како и од Здружението на пензионери. Најава за негова изградба има, но реалиција сѐ уште не.

Лаура Стојанова М-Нет