
Потранспарентен Совет на Општина Штип. Ова како одлука на денешната седница на Советот помина едногласно. Советниците и од позицијата и од опозицијата се согласни дека одлуките донесени на Совет треба да бидат поблиску да граѓаните, а истовремено и штипјани да се вклучат во донесувањето на одлуки од големо значење за градот. Но, транспаратнетноста ќе биде на тој начин што седниците ќе се пренесуваат на социјалните мрежи и фејсбук страницата на општината.
„Ќе овозможиме да се подобри стримингот на седниците на советот на социјалните мрежи, меѓутоа ќе се водеведе и една новина освен на социјалните мрежи овие видеа на биидат и на youtube и на веб страницата на општината, а граѓаните во кој момент и да сакаат да ја прегледаат седницата да имаат можност да го направат тоа. Се предвидува и подобрување на аудио опремата овде во салата на Советот на Општина Штип со што ќе овозможиме пософистицирани услови на комуникација на советниците“ – кажа Шорова Англелова.
И додека транспаратнетноста ќе се гради преку социјалните мрежи, дел од советниците од опозциската СДСМ и колацијата, уште еднаш покажаа на вистинската потреба од запознавање на граѓаните со работата на советниците.
„Ако сега излеземе и направиме една анкета колку луѓе знаат што работи советот ќе ви кажат од 100 луѓе, 99 дека немаат поима. Јас лично мислам дека без една телевизија да го пренесува советот не може да допреме до јавноста. Зошто? Немој да се залажувате дека младите ќе седат дома и на фејсбук ќе го следат советот“ – кажа Бојаџиски.
Транспарентноста на седниците на советот е проект кој Општина Штип го доби преку швајцарската амабасада. Поголем дел од советниците потпишаа изјави со кои потврдуваат дека ќе бидат дел од проектот.
Лаура Стојанова М-Нет