Масовна посетеност на вториот турнир во баскет „3×3“ во Кочани

Со 16 екипи, од кои 9 се од други градови се одржа по втор пат баскет турнирот во Кочани. Самата спортска манифестрација се одвиваше во ОУ„Св.Кирил и Методиј“, а за забавниот дел се погрижија Тони Зен и повеќе DJ артисти. Љубомир Игнатов е дел од организацискиот одбор кој посочи дека годинава турнирот е подигнат на едно повисоко ниво, со претставници од други држави. Учесници имаше од Франција Србија, Црна Гора, но и од повеќе градови од Македонија.

„Ова е втора година по ред како го одржуваме овој турнир. Годинава го подигнвме на повисоко ниво, имаме 16 екипи, 9 се од други градови. На турнирот имаме претставник од Франција, кој е меѓу најдобрите од неговата земја. Исто така имаме Србин и Црногорец, кои играат во екипата на Киро Влае и беа фаворити да го освојат самиот турнир.Ова е втора година како го организираме и се надеваме дека понатаму ќе имаме поголема подршка да може ова да прерасне во уште поголема традиција, да трае.“ -Изјави Игнатов

Игнатов посочи дека натпреварите поминаа во одлично светлно, со многу енергија.

„Натпреварите поминаа одлично, имаше многу јак баскет, енергија, мерак за гледање.“ – додава Игнатов

Како што посочиа ова е втора година како се организира турнирот во баскет во Кочани, па се надеваат дека во годиите кои следуваат понатаму ќе прерасне во тредиција со голема подршка.

Лаура Стојанова, М-Нет