Трајков со покана за граѓаните да бидат дел од доделувањето на наградите во среда

Од 11 пристигнати драмски текстови за деца, во потесниот круг се влезени три од кои победникот ќе се објави во среда. Директорот на Дом на култура „Ацо Шопов“ Штип, Горан Трајков истакна дека се задоволни од пристигнатиот број на драмски текстови со што се збогатува литературата за деца. Победникот ќе добие награда во вредност од 1000 евра.

„Беа пристигнати 11 драмски текстови за деца, што ни дава за право да кажеме дека сме многу среќни со тоа што ја збогатуваме литературата за деца, а поготово драмските литературни дела за деца кои се преточени во целовечерни претстави. Во потесниот дел беа избрани три кои на 12 во 12 часот ќе се објави победникот.“ – кажа Трајков.

Останатите дела ќе бидат предмет за разгледување на останатите центри за култура во државата додаде Трајков. Ако има заинтересираност истите ќе може да бидат постевни на ниваната матична сцена. Сите граѓани се поканети да го проследат настанот во среда на кој ќе биде прогласен победникот.

„Ве покануваме сите граѓани кои се заинтересирани да го проследат добитникот на наградата од драмски текстови за деца во 12 часот во Глаерија 22. Вечерта со почеток од 19:30 часот ќе биде доделувањето на наградите од фестивалот за деца и младинци „Малиот принц“, а се доделуваат и специјални награди“ – додаде Трајков.

Натаните ќе завршат со пригодна музичка манифестација.

Лаура Стојанова М-Нет