Изложба на оружје од втората светска војна во НУ Завод и музеј Штип

Денеска беше изложено оружјето кое се користело во втората светска војна. Во националаната установа Завод и музеј Штип, можеше да се забележи дел од оружјето и опремата која подолг временски период стоела во депоата на установата, а во склоп на утрешниот празник 11 октомври.

“Денес ние како НУ Завод и музеј Штип успеавме да направиме една изложба со која сакавме да го претставиме оружјето кое било користено во втората светска војна, а се тоа во чест на празникот 11 октомври. Сета оваа опрема која е изложена денеска долго време беше во депоата на Завој и музеј Штип и на овој ден одлучивме да прикажеме дел од оној арсенал, од целото оружје и опрема која ја имавме во установата.“ – кажа Штерјов.

На денешната изложба беа преставени повеќе пушки, пиштоли и документи останати од периодот од втората светска војна.

До крајот на годината НУ Завод и музеј Штип треба да реализираат уште неколку проекти. Започнуваат конзрваторските работи на локалитетот Била Зора во Свети Николе со цел комплетно реалзирање на проектот. Според директорот Штерјов ќе се работи уште месец дена до негово целосно завршување.

Лаура Стојанова М-Нет