Трансфери во Првата кошаркарска лига на Македонија: Како се засилуваат МЗТ Скопје, Пелистер, Работнички

Шампионот на Македонија, екипата на МЗТ Скопје за новата сезона од Првата кошаркарска лига на Македонија се засили со басанско-српскиот интернационалец Милош Копривица, а 29-годишникот во Аеродром пристигна од угарски Капошвар.

Претходно, МЗТ Скопје се засили со Брандон Слај, а продолжена е соработката со браќата Стојановски, Марко Баковиќ, а дресот на шампионот во новата сезона ќе го носат и Бојан Крстевски, Марин Петков, Андреј Андоноски и Марко Миловановиќ.

Работнички за новата сезона се засили со поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Оливер Двојаковски, кој доаѓа од редовите на Еуро Никел од Кавадарци, следната сезона дресот на Работнички ќе го носи и Дамјан Робев кој доаѓа од лутиот ривал МЗТ Скопје.

Македонскиот репрезентативец Амар Хот го напушти Вардар и се пресели во Работнички.

Пелистер за новата сезона се засили со битолчанецот Виктор Ташовски кој доаѓа од редовите на ТФТ, а продолжена е соработката со Лука Стојановски.

На тренерската позиција во битолскиот тим кој е вицешампион е назначен Александар Петровиќ.

Александар Ванев, М-Нет