
Како што најави телевизија М Нет пред неколу дена, сега Силекс потврди. Уште две нови засилувања промовирани во кратовскиот прволигаш за новата натпреварувачка сезона 2024/2025.
Станува збор за Никола Брауновиќ и Адил Алиќ кои беа претстави во Кратово.
26-годишниот малтешки интернационалец со потекло од Црна Гора, Никола Брауновиќ во Силекс доаѓа од екипата на Балзан. Во својата кариерата новото засилување на Силекс има настапувано за црногорскиот тим Бокељ, потоа за малтешките клубови Сенглеа и Моста, одново се враќа во Бокељ, а од таму се враќа во Балзан, по што сега прави трансфер во Силекс.
22-годишниот босански интернационалец Ади Алиќ во Силекс доаѓа од кипарскиот Ахиронас Онисилос, а својата кариера ја започнува во Слобода Тузла, има настапувано и за Слобода Нови Град, пред да замине во Кипар.
Тоа што го најавивме се потврди, а Силекс во новата сезона влегува засилен и освежен во своите редови.
Александар Ванев, М-Нет