
Македонскиот фудбал е завиен во црно, почина Андреј Лазаров, кој го носеше дресот на прволигашот Шкупи, а тој им подлегнал на поредите додека бил хоспитализиран во болница.
Првично беше објавено дека се бара Андреј Лазаров, а потоа од клубот информираа дека тој е хоспитализиран во болница, но 25-годишниот фудбалер не издржа и за жал почина.
Фудбалскиот клуб Шкупи преку ново соопштение ја потврди смртта на фудбалерот Андреј Лазаров, кој е меѓу жртвите во дискотеката во Кочани која ноќеска се запали.
Иако првочино беше објавено дека тој е со стабилна состојба и во болница, сепак, за жал им поднегнал на повредите.
„Иако претходно имавме информации од неговото семејство дека е во стабилна состојба, со длабока болка и огромна тага ја споделуваме веста дека нашиот фудбалер, Андреј Лазаров, е потврден како една од жртвите во трагичниот пожар што се случи во текот на ноќта во Кочани. Како херојска душа што беше, Лазаров го загуби животот обидувајќи се да им помогне на другите да се спасат од просторот зафатен од пожар. Тој се задуши од чадот за време на неговите обиди да спаси животи, покажувајќи храброст и хуманост до последниот момент. Неговиот херојски чин засекогаш ќе остане во нашето сеќавање, како сведоштво за неговиот благороден карактер и неговото големо срце. Ова е огромна загуба за нашиот клуб, за неговите соиграчи и за целата фудбалска заедница. Зборовите се мали за да ја опишат болката што ја чувствуваме во овие моменти, во оваа трагедија – една од најголемите во која е погодена нашиот клуб во неговата историја. ФК Шкупи изразува најискрено сочувство до неговото семејство, неговите блиски и целото големо семејство на нашиот клуб. Андреј беше дел од Шкупи само шест месеци, но неговото име засекогаш ќе остане неизбришлив дел од нашиот тим. Споменот за него ќе живее вечно во нашите срца“, се вели во соопштението на ФК Шкупи.
Фудбалерот од Кочани настапваше за Шкупи, а претходно беше дел од хрватските екипи Горица и Рудеш, настапуваше и за Тиквеш, Работнички и Металург.
Александар Ванев, М-Нет