Топлотниот бран придонесе полни раце работа за Итната помош во Штип

Топлотниот бран им ја заголеми работата на медицинските лица во Брзата помош во Штип. 36 амбулантски прегледи и 13 прегледи на терен се регистрирани во текот на вчерашниот ден, а утринава исто започнаа со работа на терен односно реагираа на повик од граѓани за колапст пред Трговскиот центар во Штип. Надлежните велат најголем број од лицата кои бараат помош се со хронични заболувања на кои дополнително негативно им влијаеле и воските температури.

„Од жешките температури веќе ги гледаме резултатите на терен. Всушност само што доаѓаме од терен од интервенција на колапст во Трговски центар. Бележиме зголемен број на интервенции, во вчерашниот ден имало 13 интервенции на терен и 36 амбулантски прегледи“ – истакна Деан Манов, доктор во Брза помош.

Медицинските тимови се подготвени да реагираат и да им излезат во пресрет на потребите на граѓаните. Има доволно кадар вели Манов, но сепак истакна дека е повеќе од потребно почитување на препораките од Министерството за здравство и Влада за заштита од високи температури со цел да не завршат болница.

Протокаловата фаза за заштита од високи температури во државата продолжува до недела. Осолободени од работа согласно препораките од надлежните се бремените жени и хронично болните и лица над 60 години, градинките не смеат да изведуваат активности со децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот, а во истиот период на пауза се ставени и градежните активност.

Лаура Стојанова М-Нет