Од петок започнуваат полуфиналните возбудувања на Меморијалот „Влатко Петров“

На Меморијалниот турнир во Мал Фудбал синоќа во Чардаклија се одиграа последните два натпревари од групната Фаза. Првиот натпревар Чардаклија – Драгеви ДОЕЛ заврши со резултат 3:6 а во вториот меч Далга – Инфинити повторно беа постигнати 9 голови а резутатот беше идентичен со првиот,односно заврши со резултат 3:6. На тој начин се искрастилизираа табелите во групите и се формираа полуфиналните парови. Утре, петок ќе се одигра првиот полуфинален натпревар Драгеви ДОЕЛ – Инфинити и тоа со почеток во 19.45 часот. Во сабота ќе се одигра вториот полуфинален меч Тас Комерц – Спиро на спортскиот терен во Чардаклија и тоа со почеток во 18.45 часот. По овој полуфинален меч ќе се одигра ревијален натпревар помеѓу екипите на АРМ и на МВР и тоа со почеток во 19.30 часот.. Финалниот натпревар и церемонијалот на доделување на награди на најдобрите ќе се одржи на ден Илинден – 2 август со почеток во 10.00 чсасот.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk