
Ткаење, плетење, везење, занаети речиси заборавени. 80 годишните баби, кои сеуште знаат да ги размотат прегите и да направат плетени изработки, се последната генерација кои речиси при крај го држат овој занает барем малку жив. За М-НЕТ велат дека ваквите изработки се тешки за изработка, а истите ќе изумрат кога рацете на постарите нема повеќе да можат.
Ваквите изработки се добри за во ладната зима, се со цел граѓаните се заштитат и не се разболат.
Инаку, во минатото ваквите изработки се биле секојдневие. Старите македонци своите облеки ги изработувале од памук и волна, а тоа често може да се забележи и во старите изреки како онаа „ Од нива памук, до целосно истакна кошула“. За жал ткаењето е речиси изумрено, но за среќа плетењето е единственото кое сеуште се одржува во живот.
Лаура Стојанова М-Нет