Студирање, работа или кариера надвор од државата – како средношколците во Штип ја гледаат својата иднина

Поголем дел од младите средношколци со став дека ќе продолжат и ќе се запишаат на некој од факултетите во државата. Но, дел од нивеат дека ќе бараат работа, а друг дел дел ќе заминат на студирање во странство. Средношколците од СОУ Коле Нехтенин Штип задоволни од наставатаи и можностите кои ги имаат овде пред да се запишат на факултет. Но, велат треба добро да се размиси пред сигурно да одлучат дали ќе студираат дома или во странство или пак веднаш ќе започнат со работа.Во меѓувреме ова средно училиште во Штип е едно од осумте во државата кои ќе биде регионален центар за образование и наука.

„Да, ќе студирам, планирам информатика.“ – велат средношколците.

Последните истражувања покажаа дека 40% од средношколците својата иднина ја гледаат надвор од границите на државата, а идентичен е процентот и на студенти кои сакаат да заминат и да работат во странство. Државата и Локалните власти се со постојани напори да се преземат мерки и активности со кои ќе се обезбеди подобра иднина за млади, подобар живот, а со тоа и нивно задржување дома.

Лаура Стојанова М-Нет