Под покровителство на Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, со централна манифестација одбележана 116-годишнината од раѓањето на Мајка Тереза

Со централна манифестација во Музејот на современата уметност во Скопје беше одбележана 116-годишнината од раѓањето на Мајка Тереза – Гонџе Бојаџиу, една од најпознатите и најпочитуваните личности на светскиот хуманизам.

На манифестацијата присуствуваа највисоки државни претставници, претседателот на Собранието, Африм Гаши, премиерот на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, премиерот на Република Косово, Албин Курти, како и Изет Меџити и Билал Касами.

Во своето обраќање, Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, ја истакна важноста на наследството на Мајка Тереза и нејзината универзална порака за хуманизам, љубов и солидарност.

„Мајка Тереза не го изгради своето дело со големи зборови, туку со конкретни чекори: со подадена рака кон оној на кој му била потребна помош, со грижа за болниот, со храна за гладниот и со засолниште за бездомникот.“

Сали истакна дека пораката на Мајка Тереза останува значајна и денес, потсетувајќи нè дека хуманизмот е јазик што сите можеме да го разбереме, додека етничките, верските и културните разлики треба да бидат извор на разбирање и почит.

Во рамки на манифестацијата беше промовирана книгата „Мисионерскиот пат на Гонџе Бојаџиу кон универзалната Мајка Тереза“, од авторите Алберт Рамај и Скендер Асани, како и беше отворена документарна изложба посветена на животот и делото на Мајка Тереза.

Мисијата на Мајка Тереза – љубовта, служењето и грижата за другиот – останува универзална вредност и инспирација за нашето заедничко дејствување.

Текстот Под покровителство на Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, со централна манифестација одбележана 116-годишнината од раѓањето на Мајка Тереза е превземен од МАКФАКС.