
Со вчерашните одиграни натпревари од 11 коло се спушти фудбалската завеса во Првата Футсал лига на Македонија. Во Штип се одиграа 2 натпревари, во првиот екипата на Мал Ајакс загуби од тимот на Карадаку со резултат 6:7.

Во вториот меч екипата на Проект Цико го надигра тимот на Астибо и победи со резултат 3:8. И покрај сите напори и желби на астибовци гостите ја оправдаа фаворитската улога и во Штип беа промовирани како шампиони во оваа есенска полуетапа. Еве ги конечните резултати од ова 11 последно есенско коло:
- Црна Река – Шкупи 2:8
- Астибо – Проект Цико 3:8
- Јувентус Серава – Велес 9:3
- Железарец – Кеги Моби 5:3
- Арбен Бајрами – Кратово 14:5
- Мал Ајакс – Карадаку 6:7
Табела
- Проект Цико 31
- А.Бајрами 30
- Шкупи 26
- Железарец 25
- Карадаку 18
- Јувентус С 18
- Велес 12
- Кеги Моби 9
- Астибо 8
- Црна Река 8
- Кратово 4
- Мал Ајакс 2
Првенството во пролетниот дел на Првата Футсал лига на Македонија по зимската пауза ќе продолжи кон крајот на месец февруари 2021 година.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk