
По повод многубројните написи на повеќе спортски гласила, портали и други електронски изданија, спортската редакција на Mnet TV вечерва ексклузивно разговараше со портпаролот на ФФМ Златко Андововски за тоа „Колку има вистина во сите овие написи ?
Одговорот на Златко Андоновски беше краток и јасен. – „ Нема никаков разговор со друга личност по ова прашање и сето ова е чиста шпекулација. Со Игор Ангеловски Фудбалската Федерација на Македонија има договор до 31 декември и ние прво ќе седнеме да разговараме за неговите услови. Се друго што се пишува, ќе повторам се чисти измислици и шпекулации“. – Изјави Златко Андоновски специјално за Мнет ТВ.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk