Од година во година се повеќе се зголемува годишната просечна температура што е предизвикана од ширењето на озонската дупка која е причинител за климатските промени. Сведоци сме дека во месец декември на само два три дена пред завршувањето на годината темпетатурите во текот на денот се искачуваат над десетиот степен целзиусов што негативно влијае на целокупното здравје кај метеопатите а особено овие промени ги чувстуваат граѓаните кои се во години односно пензионерите.
Дијабетес крвен притисок се само дел од хроничните болести на кои негативно влијае големата разлика меѓу ноќната и дневна температура и како што велат пензионерите имаме проблем со шеќерот или притисокот а најголемо влијание има токму променливото време.