Тиквеш се пресели на подготовки во Охрид, Бразилецот Витор Алберто е нов напаѓач!

ФОТО: Телевизија М Нет

Освојувачот на Купот на Македонија, екипата на Тиквеш се сели во Охрид каде ќе ги одработува главните фази пред првото квалификациско коло во Лигата на Конференции на УЕФА.

Тиквеш од денес ги започнува десетдневните подготовки каде ќе одигра и неколку неколку пријателски натпревари со цел да се темпира формата. Преселувањето на Тиквеш во Охрид доаѓа и поради фактот што во Кавадарци температурите се високи, а температурите покрај Охридското Езеро се идеални за да може да течат без проблеми подготовките на прволигашот од Кавадарци.

Веќе денес Тиквеш ќе одигра пријателски натпревар против шампионот Струга Трим Лум на Градскиот стадион во Струга, па ова ќе биде интересен меч со силен интензитет на квалитетот ако се земе предвид фактот што Струга е шампион во Првата лига, а пак Тиквеш го освои Купот на Македонија.

Како што веќе објави телевизија М Нет, на 22. јуни во Охрид Тиквеќ ќе одигра пријателски меч со Балкани од Косово, потоа на 24. јуни следува тестот со Малишева исто така од Косово, а за на 27. јуни е договорен тестот со Лапи од Косово.

Во Кавадарци екипата на Тиквеш ќе одигра и „генералка“ против Гостивар пред првиот меч од европските квалификации против Бреидаблик во Скопје кој ќе се одигра на 11. јули.

Тиквеш за новата сезона се засили и со 24-годишниот Бразилец Виктор Алберто Алевш Рибеиро. Тиквеш со Бразилецот ќе го засили нападот, а доаѓа од редовите на бразилската екипа Ривер, а доаѓањето во Македонија е негов прв интернационален предизвик.

Во Тиквеш се очекуваат уште две засилувања од Бразил.

Александар Ванев, М-Нет