
Општина Штип денес додели плакети, признанија и ваучери на првенците на генерација во основните и средните училишта во Штип. Единствена цел на денешниот настан по завршетокот на учебната година во рамките на програмата за образование е да ги мотивираат и стимулираат учениците кои се најдобри во генерацијата. Воедно сакаат да ги поттикнат сите ученици да ги наградуваат своите знаења во наредните години, да го подобрат својот успех и да ги исполнат своите цели во иднина.
„Денес општина Штип по завршувањето на учебната година во рамките на програмата за образование ќе додели признанија, плакети и ваучери на првенците на генерацијата од основните и средните училишта. Активноста е реалзирана со цел да се уважат учениците кои постигнале огромен успех во своето образование во училиштата, но и да се стимулираат идните генерации и нивните соученици во наредните години кои што доваѓаат да покажат подобри резултати. Оделението за образование при општина Штип во иднина ќе реалзира вакви активности со цел учениците во идните генереации да бидат стимулирани, своето образование во иднина и своите кариери да ги градат овде во нашиот град и нашата земја.“ – изјави Здравков
Денешните првенци на генерацијата од средните училишта посочиа дека и понатаму ќе го освојуваат светот на медицината, науката, филозофијата и правото, а ќе продолжат да се занимаваат и со роботика.
„Ученичка во СОУ „Славчо Стојменски“, признанието од Општина Штип за првенец на генерацијата 2020/2024 со сигурност ќе биде стимул и мотивација и понатаму да продолжам да го освојувам светот на литературата, филозофијата, правото и ќе ми помогне се надевам во постигнување на многу височини во моето понатамошно образование. Правен факултет во Скопје.“- изјави Иванова
„Доаѓам од СОУ „Коле Нехтенин“ каде што завршив четврта година и сум избран за првенец на генерацијата.“ – изјави Тошев
Идните средношколци додаваат дека своето образование ќе го продолжат во средните училишта во нашата општина. Упатуваат голема благодарност до професорите кои неруморно работеле со нив во изминатите девет години, но и до родителите како најголема подршка. Децидни дека во иднина ќе ги достигнуваат сите височини и ќе ги исполнат желбите за идните професии.
Оделението за образование при Општина Штип посочиа дека во иднина ќе реалзираат вакви настани за учениците од нашата општина своето образование, иднина и кариера да ја градат овде во нашиот град и нашата држава.
Лаура Стојанова, М-Нет