РК Радовиш обезбеди враќање во Суперлигата, следува кроење на буџетот и на тимот!

ФОТО: Телевизија М Нет

Ракометниот клуб Радовиш по една сезона експресно се врати во Суперлигата откако радовишани една сезона поминаа во Првата лига.

Радовиш предводен од тренерското дуо Спасе Ѓоргиев и Александар Долдуров имаше одлична сезона особено во пролетниот дел или плеј-офот, каде завршија на второто место и направија ракометна сезона совладувајќи го Еурофарм Пелистер 2 во Автокоманда, со што битолчани се селат во Првата лига, додека пак Радовиш оди во Суперлигата.

Радовишани сега треба да го кројат буџетот за новата сезона, и со каков буџет ќе влезе во новата сезона и каква ќе биде финансиската поддршка од општината и приватниот сектор. Радовиш со млад тим докажа и покажа дека може да се носи со екипа од Суперлигата обезбеди влез во ракометната елита, а сега останува колку овие млади играчи ќе бидат поддржани.

Тоа што го направи Радовиш е вистинска ракометна сензација, а сега останува да видиме каков тим Радовиш ќе склопи за новата сезона. Засега нема официјални нови засилувања за новата сезона, единствено заминување од Радовиш е Борјан Цековски кој е нов играч на Куманово.

Александар Ванев, М-Нет