
Продолжуваат трансферите во македонскиот фудбал, но клубови ќе менуваат и македонските интернационалци.
Прволигашот Тиквеш од Кавадарци го промовираше Арби Воша, кој доаѓа од редовите на шампионот Струга Трим Лум, а во својата кариера 23-годишниот има настапувано за Шкупи и Македонија ЃП. Воша ова сезона во дресот на Струга одигра 11 натпревари или само 250 минути.
По промоцијата на Воша екипата на Тиквеш веќе преговара за нови две засилувања, односно враќање за Александар Мишов и Даниел Миловановиќ. Тиквеш сериозно работи на квалитен ангажман на играчи за директен и сигурен опстанок во Прва лига. Миловановиќ после играше за Брера Струмица, а Мишов за Туран од Казахстан. Од Тиквеш заминува голманот Ристе Јанков.
Белгискиот второлигаш Деинзе и официјално прогласи банкорт, а со тоа македонскиот повремен репрезентативец Ердон Даци остана без клуб и сега ќе бара нова средина за продолжување на кариерата.
Во својата кариера Даци има настапувано за Вестерло и Беверен, Коњаспор и Вардар.
Искусниот фудбалер Елмир Алији и третолигашот Шкендија Арачиново се разделија, со што 31-годишниот фудбалер кариерата ќе ја продолжи во нова средина. Алији во Шкендија Арачиново пристигна вo 2023 година, а претходно беше дел од Арсими, Воска Спорт, Дрита, Вардар Форино, Кораб, Генч Калемлер Спорт, Гоблен, Башкими Љуботен. Овој третолигаш досега го промовираше Фикрет Љиварека.
Прволигашите Беса и Вардар пројавуваат интерес за фудбалерот на Тиквеш, Едиз Спахиу, а Вардар е заинтерсиран и за сенегалскиот интернационалец Сенгхор Фаустин, додека пак Роџерс Мато е на радарот на Шкендија, но и Вардар.
Александар Ванев, М-Нет