Прва лига да се три дена, наместо како досега во еден ден!

ФОТО: Александар Ванев, М Нет телевизија

Новото раководство на ФФМ најавува дека Првата македонска фудбалска лига да се игра во три дена, односно два дена во петок, два во сабота и два натпревари во недела.

Досега прволигашите играа во еден ден, односно сите шет натпревари се играа во недела и со тоа гледачите беа лиминирани да може да следат еден натпревар. Многу често се случува во едно коло да има неколку дерби натпревари и гледачите, фановите и сите кои го следат македонскиот фудбал можеа да следат само еден меч.

На оваа тема разговаравме во месец јули во едно од изданијата на спортскиот магазин Трибина на М Нет телевизија, дека Првата, но и Втората лига бидејќи интересот е голем и за Втора лига да се игра во повеќе дена.

Ова е одлична најава, а на задоволство на љубителите на македонскиот фудбал бидејќи шестте прволигашки натпревари ќе бидат поделени во три дена, наместо во еден, како што беше досега.

Александар Ванев, М-Нет