Тиквеш гостува во Тетово кај Шкендија, дерби во Кратово на Силекс и Струга!

Денес со натпреварот меѓу Вардар и Беса беше отворено 21. коло на Првата македонска фудбалска лига. Овој меч беше одигран ден порано односно денес бидејќи се затвори Арената во Скопје за реконструкција на тревникот за мечот меѓу Македонија и Велс.

Утре во Кратово ќе се одигра дерби за титула на Силекс и Струга. Тимот од Кратово не тргна според посакуваното има реми и пораз во пролетниот дел и се спушти на 4. место, но и шампионот Струга со два порази во низа е се подалеку од одбрана на титулата. Ова ќе биде меч каде императивот за трите бодови е огромен. Капитал од три бодови кој може да се покаже повеќе од важен ако Силекс сака да ја донесе титулата во Кратово.

Шкендија на домашен терен во Тетово како голем фаворит ќе игра против Тиквеш. Домаќинот сака титула, а пак гостинот од Кавадарци сака опстанок, затоа Шкендија оди на три бодови, а за Тиквеш и реми и бод ќе биде до некаде позитивен исход.

Неизвесен натпревар ќе има во Охрид каде ќе се соочат Воска Спорт и Брера Струмица во меч каде охриѓани силно посакуваат победа за опстанок, а струмичани сакаат триумф со цел да останат во средината од табелата, но и да не дојдат до ситуација на загрозен опстанок бидејќи се без пролетна победа.

Шкупи е во одличен победнички ритам, а утре на домашен терен ќе ја бара петтата победа во низа за трето пролетно славје против Пелистер.

Големо дерби ќе се игра меѓу Гостивар и Работнички, дерби за титула и излез Европа. „Романтичарите“ се втори на табелата со 40 бодови, три помалку од лидерот од Тетово, а пак Гостивар е трет со 39 бодови, а тоа го прави овој меч да биде вистинско дерби со притисок да нема грешка и кај едните и кај другите.

Мечевите ќе започнат во 14 часот.

Александар Ванев, М-Нет