Голем дебакл на Брегалница, Саса со 4 гола го “тресна” тимот од Штип!

Брегалница доживеа комплетен потоп на “Кукуш” во Турново откако беше декласирана со 4:0 од Каменица Саса, во рамки 18. коло во Втората лига, меч кој можевте да го следите на М Нет телевизија.

Брегалница дефинитивно го одигра најбледиот меч денес, каде Саса доминираше во секој сегмент на играта и ја надигра Брегалница.

Христијан Таневски и Андреј Симевски беа стрелци на два брзи гола во финишот на првиот дел од 2:0.

Во вториот дел Трајче Сенев се одлучи да менува, но без промени во играта.

Саса уште поголем притисок направи и најдобриот нив стрелец, а втор најдобар во Втората лига, Симевски постигна втор гол за 3:0.

Во финишот од мечот младиот Давид Голубов постигна гол за конечно 4:0.

Брегалница ќе мора многу да се подобрува во играта, бидејќи ќе има тежок предизвик во битката за Прва лига, а Саса сега сака и бараж за Прва лига.

Александар Ванев, М-Нет