Тивки жртви, гневна јавност – стоп за булингот во училиштата

Се повеќе тивки, повлечени деца се враќаат од училиште со тага во очите и страв во срцето. Насилството меѓу ученици зема замав – а мета сe почесто оние најмирните, најскромните, најнеприметните. Омаловажувања, понижувања, ќотек и навреди – скриени зад ѕидовите на училиштата, а сè почесто и пред очите на јавноста. Според граѓаните, насилството најчесто не почнува во училишниот двор, туку дома – од тоа што го гледаат, слушаат или трпат самите деца. Воспитувањето, примерот, љубовта или занемарувањето – сето тоа децата го носат со себе. На терен, вознемирените граѓаните реагираат. Eдни кудат родители, други децата, ама и едните и другите согласни, треба да има казни и одговорност.

Во минатото, воспитувањето на децата било засновано на почит и дисциплина, каде што почитувањето на авторитетите и моралните вредности биле основа на нивното однесување.

Денес, предизвиците се поинакви, но потребата од здраво воспитување останува иста. Граѓаните бараат враќање на основните вредности – почит, одговорност и дисциплина. Родителите, училиштата и институциите мора здружено да делуваат за да се спречи насилството и да се создаде безбедна средина за секое дете. Зашто, она што го учиме денес, утре ќе го живее целото општество.

Иван Митев, М-Нет