Брегалница убедлива против Победа, по три бода за Шкендија и Шкупи

Брегалница продолжува со победничката серија резултати, откако денес со 4:0 ја “збриша” Победа на домашен терен и со тоа продолжува да прави притисок за Европа.

Во првиот дел Додев и Мојсов обезбедија предност од 2:0 по само единаесет минути игра, а во вториот дел печат на победата стави двојниот стрелец Иван Николов.

Шкупи со 3:1 убедливо го доби Работнички, со што “гулабите” продолжуваат да го следат лидерот Струга. Бајрами погоди за 1:0, а Мазари по три минути за 1:1.

До крајот на првиот дел Да Силва и Реналдо ја потврдија победата.

Струга Трим Љум и Македонија ЃП ремизираа без погодоци (0:0).

Шкендија со 2:1 ја доби Академија Пандев на домашен терен. Тетовци со двата погоди на Чинари на полувреме имаа 2:0, а во вториот дел Микхеили ги постави конечните 2:1.

Вчера Силекс со 3:1 го доби дуелот со Скопје.