Терапија со конвалесцентна плазма- чекор плус за помош на болните од Ковид 19

Во време кога пандемијата од Ковид-19 зазема се поголем замав, секаков вид на помош е од огромно значење. Најдобро за тоа знаат оние кои веќе го прележале опасниот вирус, и истите денеска имаат можност да им помогнат на оние кои допрва доааѓаат така кажано во нивна кожа. Дарување на конвалесцентна плазма е можност да им се помогне на лицата болни од Ковид 19, а истата се добива од лица кои веќе се соочиле со вирусот.


Конвалесцентната плазма кај нас се практикува според Американскиот портокол и истата е безбедна без последици за оние кои што добронамерно и хумано прифатиле да даруваат. Луѓе сме, па еден добар гест не би му наштетил никому, а истовремено помошта би била огромна.

За дарување на овој вид плазма биле тестирани 94 кандидати, а од нив 36 дарувале. Почетокот бил тежок за луѓето да се согласат на вакво нешто, но денеска човечноста се крева на помоглемо ниво, па иницијативата е самоволна. Најголемиот број од дарители биле од Штип, а по еден има од Кочани и Виница.