Oдбојка – Супер лига : момците на „Штип УГД“ ќе гостуваат во Тетово а девојките на „УГД Студент“ ќе настапат во Струмица

Викендот ќе се одиграат натпреварите во рамките на Супер машката одбојкарска лига на Македонија. Момците на Штип УГД предводени од тренерот Ванчо Санев во ова коло ќе гостуваат на екипата на Лирија во Тетово. Интересно ќе биде и во Пробиштип каде што ќе се сретнат Весна и Борец од Велес. Еве ги комплетните двојки за ова 4 првенствено коло:

Јанта Волеј – Универзитет Тетово

Дибра Волеј – Вардар

Лирија – Штип УГД

Весна Пробиштип – Борец

Струмица – Шкендија

Сите натпревари ќе се одиграаѕ во сабота 31 октомври додека пак женската екипа на УГД СТудент од Штип ќе гостува во понеделник 2 ноември на екипата Македонија Макс во Струмица.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk