
Утрово на социјалната мрежа Фејсбук се појави повик за помош на штипјанецот Ристе Донев. Пораката ја пренесуваме во целост: „Нашиот сограѓанин Ристе Донев, позитивен на Ковид19 и во тешка клиничка состојба, се бори за живот во приватната клиника Филип Втори. Бидејќи институционално не можеме да отвореме ж-сметка (се бара негов потпис, а тој е приклучен на апарати за дишење) ги молиме сите луѓе кои се во можност да помогнат, да донираат парични средства, да го сторат тоа на пунктот кој ќе биде отворен пред месарата МИК во населба Сењак.“