Тепачка во угостителски објект во Штип

На 01.02.2021 во 19.20 часот во СВР Штип било пријавено дека во угостителски објект на ул.„Гоце Делчев“ во Штип, А.Н.(52) бил физички нападнат од Г.Ј., двајцата од Штип. Според пријавеното, А.Џ. се обидел да го спречи физичкиот напад, но и тој бил нападнат од Г.Ј. Се работи на расчистување на случајот, по што против Г.Ј. ќе биде поднесен соодветен поднесок.